Според урологот Дејвид Шустерман, експретседателот на САД, Џо Бајден, кој добивал најдобра здравствена заштита додека бил на функцијата, можеби некое време веќе знаел за дијагнозата. Тој вели дека на видот метастазиран рак што го има Бајден му требаат години за да се развие
Веста дека на поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простатата, која е метастазирана и на неговите коски, предизвика шпекулации дека тој можеби знаел за болеста додека сè уште бил во Белата куќа, можеби дури и додека бил во трката за втор претседателски мандат.

Според урологот Дејвид Шустерман, експретседателот на САД, кој добивал најдобра здравствена заштита додека бил на функцијата, можеби некое време веќе знаел за дијагнозата. Тој вели дека на видот метастазиран рак што го има Бајден му требаат години за да се развие.
„Многу е малку веројатно некој да оди на годишни прегледи и да не забележи покачување на нивото на ПСА“,
вели урологот Шустерман.
Во соопштение објавено во недела попладне, канцеларијата на Бајден соопшти дека ракот се шири на неговите коски, но потенцијално може да се лекува преку хормонска терапија. Оттаму додадоа дека болеста е карактеризирана со Глисонов скор од 9, што ја нагласува агресивноста на неговиот случај.
Од друга страна, урологот Шустерман вели:
„Фактот што ја наоѓаме на Глисонов резултат од девет е едноставно нечуено во денешно време на медицината.“
Од друга страна Грег Марфи, републиканец од Северна Каролина, уролог кој лекува пациенти од рак на простата, вели дека е навистина можно Бајден да не знаел за дека има канцер до неодамна. Рече дека дури и ако лекарите на Бајден ги мереле специфичните нивоа на ПСА, нивоата можеби биле измамнички ниски.
„Да се каже дека му бил дијагностициран рак и дека тоа се крие, мислам дека е погрешно. Мислам дека треба да се престане сè да се политизира“,
вели Марфи.
Кабинетот на Бајден вчера соопшти дека на експретседателот му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која веќе се проширила на неговите коски, но дека туморот е чувствителен на хормони, што овозможува ефикасен третман на болеста.