За денеска е најавено и видеообраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Конгресот
Американскиот претседател Џо Бајден денеска треба да најави уште 800 милиони долари нова воена помош од САД за Украина, соопшти Белата куќа.
Парите се дел од дополнителната воена и хуманитарна помош за Украина, во вкупен износ од 13,6 милијарди долари.
Со новата рунда помош, Бајден од стапувањето на функцијата издвои две милијарди долари помош за Украина.
За денеска е најавено и видеообраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Конгресот.