Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска информираше дека американските војници во целост ќе се повлечат од Авганистан до 11 септември оваа година, а со тоа Америка ќе ја заврши најдолгата војна во која учествувала.
„Јас сум четврти претседател на САД и сè уште американските војници се во Авганистан. Не сакам одговорноста да ја префрлам и на петти претседател. Не можеме да продолжиме да се вртиме во круг и да се надеваме дека ќе создадеме идеални услови за повлекување“,
рече Бајден.
Тој најави дека повлекувањето на американсиите војници ќе започне на 1 мај, во рамките на договорот што го донесе администрацијата на Доналд Трамп. Рокот за целосно повлекување на војниците е 11 септември, без можност да биде продолжен без разлика на кавив било услови на терен.
Бајден додаде дека САД повеќе немаат причина да вложуваат ресурси во војната во таа земја, долга две децении.