Американскиот претседател Џозеф Бајден ја продолжи за уште една година вонредната состојба која беше воведена по терористичките напади на 11 септември 2001 година, јавува РТС.
„Испратив известување до Федералниот регистар во кое се наведува дека вонредната состојба поради терористичките напади од 11 септември 2001 година ќе остане на сила уште една година“,
се вели во соопштението на Џозеф Бајден.
Утре, Соединетите Американски Држави ја одбележуваат 21-годишнината од терористичкиот напад на членовите на Ал Каеда на кулите „близначки“ во Њујорк и зградата на Пентагон, во кој загинаа речиси 3 000 луѓе, додека повеќе од 25 000 цивили беа повредени.