Месецот Рамазан, период во годината кога муслиманите ги практикуваат обичаите во пресрет на еден од најголемите празници Рамазан бајрам, со целодневен пост и молитва, започнува на 10 март и се смета за неофицијален рок до кога да се направи договор за привремен прекин на огнот
Израел ќе биде подготвен да го прекине на огнот во Газа за време на претстојниот муслимански пост за месецот Рамазан, доколку се постигне договор за ослободување на некои од заложниците кои ги држат екстремистите на Хамас. Ова го изјавил американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Ројтерс посочувајќи дека тоа може да донесе привремен прекин на огнот и можност за дополнителна размена на заложници.

Според него, преговарачите од САД, Египет и Катар работат на договор со кој Хамас ќе ослободи некои од десетиците заложници што ги држи во Газа во замена за палестинските затвореници во израелските затвори.
Се очекува Израел да одговори на овој предлог на Бајден.
Месецот Рамазан, период во годината кога муслиманите ги практикуваат обичаите во пресрет на еден од најголемите празници Рамазан бајрам, со целодневен пост и молитва, започнува на 10 март и се смета за неофицијален рок до кога да се направи договор за привремен прекин на огнот.
Сепак, Бајден изразил надеж дека договорот за прекин на огнот може да стапи на сила до следната недела.
За време на привремениот прекин на огнот, Бајден посочил дека ќе продолжат преговорите за ослободување на преостанатите заложници и ослободување на повеќе палестински затвореници кои ги држи Израел.
„Доаѓа Рамазан и постои договор од страна на Израелците да не се занимаваат со активности за време на Рамазан, да ни дадат време да ги ослободиме сите заложници“,
вели Бајден.
Сепак, тој не повика на целосен прекин на војната предизвикана од нападите во јужен Израел на 7 октомври.
Во понеделникот, Бајден рече дека верува оти Израел го намалил интензитетот на нападите врз Рафах.
Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа се засолнети во Рафах по предупредувањата за евакуација.
Предупреди дека Израел ризикува да ја загуби меѓународната поддршка поради големиот број на загинати меѓу Палестинците, особено зашто претходно се обврзал да им овозможи да се евакуираат од Рафа во јужниот дел на Газа.