Кампањата за избор на претседател на САД е во полн ек. Во неа, Бајден и Трамп се повикуваат на своите успеси за време на нивното шефување во Белата куќа и меѓусебно се обвинуваат дека се закана за демократијата во земјата
Актуелниот и поранешниот претседател на САД, Џо Бајден и Доналд Трамп, победија на првичните избори што синоќа завршија во Канзас, Охајо, Аризона и Илиноис.
Трамп, исто така, победи и на републиканските првични избори во Флорида.
Бајден во Флорида победи без гласање бидејќи демократите ги откажаа своите прелиминарни избори и избраа да ги доделат сите 224 свои делегати на Бајден.
Кампањата за избор на претседател на САД е во полн ек. Во неа, Бајден и Трамп се повикуваат на своите успеси за време на нивното шефување во Белата куќа и меѓусебно се обвинуваат дека се закана за демократијата во земјата.
Трамп, кој има 77 години, изјави дека 81-годишниот Бајден не е подобен да биде претседател поради своите интелектуални способности.
Актуелниот претседател, пак, го нарече својот републикански соперник закана за демократијата поради обидите на Трамп да ги укине резултатите од претседателските избори во 2020 година и поради величењето на авторитарните лидери во другите земји.
