Претходно денеска, Трамп се обрати пред Конференцијата на републиканците во Претставничкиот дом, фалејќи ги своите постигнувања на изборите и нарекувајќи го собирот многу убав
Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува мирна транзиција во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.
„Па, г. избран претседател, поранешен претседател, Доналд. Честитки“,
рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија.
Бајден му рече „Добре дојде назад“ на Трамп, по што двајцата се ракуваа.
Трамп одговори:
„Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа“.
Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати.
Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, напиша двостранично писмо за Бајден и го остави во фиока во работното биро.
Тој денеска повторно се врати во Белата куќа, но под значително променети околности, уживајќи во своето враќање на власт.
Претходно денеска, Трамп се обрати пред Конференцијата на републиканците во Претставничкиот дом, фалејќи ги своите постигнувања на изборите и нарекувајќи го собирот многу убав.
Членовите почнаа да аплаудираат и сите станаа кога Трамп влезе. Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ја пушти музиката за негово влегување.
„Не е ли убаво да се победи? Убаво е да се победи. Секогаш е убаво да се победи. Многу добри пријатели во оваа просторија“,
рече Трамп.
Додека новинарите заминуваа, тој се пошегува:
„Мислам дека нема повторно да се кандидирам, освен ако не кажете“,
предзивикувајќи смеа низ салата.