Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, го повика претседателот Доналд Трамп да се појави на национална телевизија и да ја исполни дадената заклетва – да го брани Уставот и да прекине оваа опсада.
„Овие хаотични сцени не се одлика на вистинска Америка, Во овој момент, нашата демократија е нападната, се случи напад врз тврдината на слободата – Капитол Хил, напад врз претставници на народот и јавни службеници, полицајци чија работа е да го штитат народот“,
рече Бајден, посочувајќи дека станува збор за мала група екстремисти кои упаднале во Капитол Хил.
Бајден порача дека хаосот мора да престане и ја повика толпата да се повлече. Посочи дека неговата работа во следните четири години ќе биде насочена кон враќањето на демократијата и владеењето на правото.