По две спротивставени изјави на гуверенерот во Џорџија, тој ги потврди резултатите
Бајден е првиот демократски претседателски кандидат што победил во Џорџија од 1992 година
Државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер официјално ја потврди тесната победа на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден пред актуелниот претседател Доналд Трамп во оваа сојузна држава.
По рачното пребројување на гласовите, Бајден во Џорџија победи со 12 284 гласови, пренесува Би-Би-Си.
Властите во Џорџија наредија пребројување, бидејќи разликата помеѓу двајцата кандидати при првата проекција беше помала од 0,5 проценти – по првото пребројување, Бајден имаше околу 14 000 гласа повеќе од Трамп, од пет милиони гласачи колку што гласале.
Ова е прва победа на еден демократски кандидат од 1992 година, кога Бил Клинтон доби повеќе гласови од тогашниот претседател Џорџ В. Буш.
Водечките американски медиуми го прогласија Бајден за победник на изборите на 3 ноември откако ја проектираа неговата победа во 23 сојузни држави и областа Колумбија, врз основа на што тој „собра“ 284 од 538 изборни гласа.
Медиумите подоцна ја прогласија победата на Бајден и во Невада, која носи шест гласачи.
За да победи на изборите кандидатот треба да освои најмалку 270 од 538 гласачи.
Победата на Бајден најмногу се должи благодарение на освојувањето на Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, три традиционално демократски држави кои исто така одлучуваа за изборите во 2016 година, кога Трамп ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон со помалку од еден процент во секоја од нив.
Покрај тие три држави, оваа година само уште две, Аризона и Џорџија, гласаа поинаку отколку на последните избори. И во обете, според проекцијата на водечките медиуми, победи Бајден.
Од досега пребројаните гласови, Бајден доби 79,7 милиони, а Трамп 73,7 милиони. И двајцата добија повеќе гласови од сите претходни претседателски кандидати.
Трамп уште од изборната вечер ги обвинува демократите за кражба на избори, но тој не дава докази за тоа и се обидува да ги оспори резултатите пред федералните судови. Тој најави дека, доколку е потребно, ќе го вклучи и Врховниот суд на САД.
Покрај тоа, Трамп и неговите сојузници прават други, невообичаени потези за Соединетите држави, со цел да ја оспорат победата на Бајден – како повици од Белата куќа до пратеници, телефонски јавувања до претставници на локалните избори во Мичиген и притисок врз претставниците во Аризона да го одложат потврдувањето на резултатите, пренесуваат медиумите.
Следен е Мичиген
Од вчера, Трамп е се поблиску до моментот кога ќе треба да го прифати поразот и во Мичиген откако двајцата републикански претставници во изборниот совет изјавија дека нема да се противат на вообичаениот процес кој треба да ги потврди изборните резултати, и со тоа победата на Бајден и во оваа клучна држава.
Двајца претставници беа во центарот на вниманието, откако прво го потпишале документот со кој ги потврдуваат резуттатите, а потоа преку медиумите бараа тие изјави да се повлеат, бидејќи, наводно биле измамеи со тоа што ашто им било подметнато да го потпишат – односно мислеле дека потпишуваат изјава за ревизија.
Ова, како што објавија американските медиуми доаѓа по телефонскиот разговор на Трамп со нив во вторникот.
Но властите на Мичиген соопштија дека изјавите не може да се повлечат и дека процесот е завршен.