Руските власти велат дека ова е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон нив
Русија со нова црна листа за влез во земјава одговори на американските санкции и стави речиси 1 000 Американци на неа. Меѓу 963-те лица на кои Русија им забрани влез се и претседателот Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс.
Руското Министерство за надворешни работи во соопштението нагласи дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека „непријателските дејствија“ ќе продолжат да добиваат „соодветен одговор“, пренесуваат руските медиуми.
„Русија не бара конфронтација и е отворена за искрен дијалог со заемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние кои им служат“,
соопшти руското МНР.
Потпретседателката на САД, Камала Харис, пак, се најде на ваква листа пред еден месец. Тогаш руските власти им забранија влез и на портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, како и на основачот на Фејсбук, Марк Закергерг.