Педесетгодишниот Азем Садики е нов-стар градоначалник на Студеничани. Тој по четврти пат, или во трет мандат во низа ќе ја предводи општината. Прв пат бил избран на локалните избори во 2000 година.
По пауза од неколку години, во кои обавувал други функции тој се враќа во Студеничани и победува на изборите во 2013 година. Економистот по професија, својата популарност во локалната средина ја верификува и на следната проверка, пред четири години.
На овие, како и на сите претходни соочувања со гласачите настапува како кандидат на ДПА. Тој е сега нивниот единствен функционер кој успева да извојува победа.
За само 59 гласа повеќе од својот опонент од ДУИ, Ејуп Абаз, кој освои 4 060 гласа, Садики и во наредниот четиригодишен мандат ќе ја води општина Студеничани.