Од Министерството за внатрешни работи велат оти возилата се пренасочуваат кон Петровец
Поради пожар кој настана попладнево, автопатот Скопје – Куманово од наплатната рампа Миладиновци до клучката Бунарџик е затворен во двата правци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека возилата се пренасочуваат кон Петровец и апелираат граѓаните да не се упатуваат кон овој дел се додека не се создадат услови за негово повторно пуштање во сообраќај.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека поради ветер кој го зафати подрачјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари.
Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска зона „Бунарџик“ и рафинерија „Окта“.
Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац.