Опозициската партија оцени дека владата на СДСМ го спасила проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид од целосен колапс и го донела до својата финална фаза. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвини дека започнува проекти само за да се фотографира и пофали, без решени клучни прашања
Автопатот Кичево-Охрид не е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ туку на работата, одговорноста и решителноста на СДСМ да го спаси нивниот фушерај и да го заврши во интерес на сите – велат од Социјалдемократскиот сојуз, реагирајќи на денешното пуштање во употреба на 20 километри од овој автопат.

Опозициската партија оцени дека владата на СДСМ го спасила проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид од целосен колапс и го донела до својата финална фаза. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвини дека започнува проекти само за да се фотографира и пофали, без решени клучни прашања.
„Кога СДСМ го презеде проектот во 2017 година, на терен затекнавме само околу 30 отсто прогрес на работите, нерешена експропријација, свлечишта на косините, без изработени клучки и со куп сериозни проблеми. Поради грешките на ВМРО-ДПМНЕ, трасата дури поминуваше преку резервоар за вода за пиење на Кичево, па моравме да ја дислоцираме и да ја заштитиме безбедноста и здравјето на граѓаните. Во 2018 и 2019 година, по комплетно репроектирање, продолживме со работа, и до 2024 година автопатот го предадовме со 83 отсто завршеност“,
се вели во реакцијата на опозицискиот СДСМ.
СДСМ го оцени проектот како симбол за погрешен модел на изградба од страна на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека бил започнат во времето на премиерот Никола Груевски само за политичко фотографирање, без геомеханички испитувања, без комплетен основен проект и со штетни последици за граѓаните.