При удар од автомобил на самото место починал пешакот А. Б. (77) од Скопје. Несреќата се случила во текот на вчерашниот ден во 14:20 часот на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје. Пешакот бил прегазен од автомобил „опел астра“ со скопски регистарски таблички, управуван од Т.З. (48) од Скопје.
Притоа, пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.
