Поради државниот празник 2 Август, во текот на утрешниот ден затворени ќе бидат и сите билетарници на ЈСП „Скопје“
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утре ќе сообраќаат по неделен возен ред поради државниот празник 2 Август – Илинден, соопштија денеска од претпријатието.

Во текот на утрешниот ден затворени ќе бидат и сите билетарници на ЈСП „Скопје“.
Жичарницата на Водно, пак, ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот. Последното возење од долу кон врвот е во периодот од 19 до 19:30 часот, а во 19:45 часот е последното возење од врвот надолу.