Во изјава за АПА и ДПА, Нехамер открива детали од средбата со рускиот претседател од почетокот на неделава, која тогаш ја оцени како „директна, отворена и тешка“
Австрискиот канцелар Карл Нехамер објави дека рускиот претседател Владимир Путин на средбата ветил безбедност во снабдувањето со гас и дека плаќањето ќе биде во евра.
Во изјава за АПА и ДПА, Нехамер открива детали од средбата со рускиот претседател од почетокот на неделава, која тогаш ја оцени како „директна, отворена и тешка“.
Тој вели дека самиот Путин го спомнал прашањето за снабдување со гас.
„Путин објасни дека снабдувањето со гас е безбедно, дека Русија ќе ги испорача количините за кои се обврза во договорот и дека сепак ќе може да се плати во евра“,
тврди австрискиот канцелар.
Тој посочи дека покрај Австрија, против ембаргото се и Бугарија, Романија и Бугарија, како и Германија, бидејќи зависат од рускиот гас.
„Барањето ембарго за увоз на гас би значело дека индустријата, но и домаќинствата ќе почувствуваат големи последици. Ова прашање е поврзано и со работните места. Сепак, не е прашање дали го сакаме тоа. Поради војна, гасоводот може да биде кренат во воздух или да се прекине снабдувањето со гас. Постои ризик и Австрија се обидува да ги диверзифицира добавувачите, но за тоа е потребно време“,
објасни тој.