Пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево утрово се повредил и во моментов е на скопска клиника каде му се укажува помош.
„Нашиот колега од Австрија се повредил во самиот камп. Имал повреда на грбот“,
информираа од ТППЕ Берово.
Австриските пожарникари и денеска се на најкритичното подрачје во село Митрашинци каде што, заедно со колегите од Словенија и Бугарија, го контролираат пожарот кој неколку дена прави проблеми во Беровско.