Рускиот претседател им даде рок од една недела на владата и на банките да се направат потребните подготовки истакнувајќи дека произведувачот на гас, „Газпром“, во договорите за испорака ќе ги внесе новите измени
Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубљи, изјави извршниот директор Алфред Стајн.
„Ова е основата на нашиот договор, не смеам да постапувам поинаку“,
изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата Пулс 24.
Тој рече дека ја видел објавата на рускиот претседател Владимир Путин во која се вели дека „непријателските држави“ ќе го плаќаат рускиот гас во рубљи.
„Никој сè уште не ни се јавил, има и валидни договори во кои такво нешто не е вклучено“,
изјави првиот човек на австриската компанија и додаде дека ќе чекаат евентуално известување.
Рускиот претседател вчера попладне на седница на владиниот кабинет најави промени во наплатата на гасот.
„Русија, се разбира, ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и според договорените цени. Ќе се промени само валутата на плаќање, во руски рубљи“,
рече Путин.
Русија состави попис на непријателски земји, а кој ги вклучува оние кои им воведоа санкции поради инвазијата на Украина. Пописот ги вклучува САД, земјите членки на ЕУ, Британија, Јапонија, Канада, Норвешка Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина, а неодамна Русија на овој список ја додаде и Северна Македонија.
Рускиот претседател им даде рок од една недела на владата и банките да се направат потребните подготовки истакнувајќи дека произведувачот на гас, „Газпром“, во договорите за испорака ќе ги внесе новите измени.
„Треба да се утврди разбирлива и транспарентна постапка за плаќање за сите странски купци, вклучувајќи го и купувањето рубљи на домашниот пазар на валути“,
додаде Путин.