Оваа мерка не е изненадување, ако се има предвид дека на крајот на минатиот месец Агенцијата за здравство и безбедност на храна на Австрија објави дека повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, од кои најголем број случаи се „увезени“ од Северна Македонија
Австриското Министерство за здравство подготви нова регулатива за епидемиолошките мерки, со сите земји од Западен Балкан се ставени на „црвената листа“. Освен нив, на овваа листа се и САД, Ерменија, Азербејџан, Брунеи, Израел, Јапонија и Тајланд, кои отпаднаа од листата на земји со низок епидемиолошки ризик.
Отсега, од овие земји во Австрија можне да се влезе само со потврда за целосна имунизација.
Оваа мерка не е изненадување, ако се има предвид дека на крајот на минатиот месец Агенцијата за здравство и безбедност на храна на Австрија објави дека повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, од кои најголем број случаи се „увезени“ од Северна Македонија.
Вакцинацијата важи една година, се повеќе „рампи“ за невакцинираните
Со оваа уредба се носи уште една новина, а тоа е продолжување на периодот на важност на вакцинацијата од девет на 12 месеци, за разлика од досега, кога правилото беше дека едно лице се третира како вакцинирано девет месеци од примањето на втората доза. Сега тој период се продолжува на една година.
Според Министерството, новата регулатива треба да биде објавена следната недела, пред стапување во сила на новите епидемиолошки мерки, кои предвидуваат ограничувања пред се за невакцинираните.
Така, од среда, кога се очекува да стапат во сила нови мерки, се предвидува невакцинираните лица да мора да носат маски со повисоко ниво на заштита, FFP2 во сите продавници, додека вакцинираните и оние кои прележале ковид ќе имаат обврска да го носат овој тип маски само во продавници за храна, супермаркети и јавен превоз.
Ова се поврзува со моменталната состојба, кога според здравствените власти, 10 отсто од капацитетот на одделите за интензивна нега се исполнети.
Исто така, се намалува и валидноста на антиген тестот од 48 на 24 часа, а на ПЦР-тестот од 72 на 48 часа, што ќе бара почести тестови за невакцинираните доколку сакаат да одат во кафулиња, ресторани, кина …
Кога одделите за интензивна нега ќе достигнат ниво на исполнетост од 15 проценти, ќе стапи на сила дополнително заострување, што предвидува, пред се, само лица со сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 да можат да влезат на големи настани со повеќе од 500 луѓе и во ноќни клубови.
Ова значи дека ќе можат да влезат само вакцинирани и луѓе кои прележале, но не подолго од шест месеци.
Властите допрва треба да одлучат дали ова ќе важи само за гостите или и за вработените.
Министерот за здравство Волфганг Микштајн најави дека оваа мерка може подоцна да се прошири на целата гастрономија и гостопримство