Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека Владата размислува да им понуди засолниште на жителите на Хонгконг, откако Кина го усвои Законот за национална безбедност за полуавтономната територија.
Тој најави дека австралиската Влада набрзо ќе разгледа „слични опциите на тие што британскиот премиер им ги понуди на граѓаните на Хонгконг“.
Борис Џонсон најави дека Велика Британија ќе ги смени постоечките имиграциски правила за граѓаните на Хонгконг, со цел на трите милиони жители на Хонгконг да им се олесни патот за добивање на британско државјанство.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Џао Лиџиан, го предупреди Лондон дека ќе сноси последици ако на граѓаните на Хонгконг им понуди да исчезнат во Велика Британија.