Во изминатите 24 часа се регистрирани 42 новозаболени лица, што е многу помалку од над 700 од почетокот од август
Граѓаните сега единствено ќе можат подолг период да престојуваат на отворено, а ќе се скрати и полицискиот час
Австралиската сојузна држава Викторија првпат по два месеца не пријави нови смртни случаи од последици од новиот коронавирус.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 42 новозаболени лица, што е многу помалку од над 700, колку што беа пријавувани на почетокот од август.
Главниот град на Викторија – Мелбурн кој е во целосен карантин од 4 август ќе остане со овие мерки до 28 септември. Тие предвидуваат дозвола за излез од дома за да се оди на работа, а дозволено е излегување само за набавка на намирници или медицинска потреба. Носењето маски на јавни места е исто така задолжително.
На сила се и високи парични казни, кои за прекршување на наредбата за изолација изнесуваат 20 000 американски или 14 500 американски долари, додека за непочитување на забраната за напуштање на домовите се казнува со 5 000 австралиски или 3 559 американски долари.
Поради намалување на бројот на новозаразени, граѓаните сега единствено ќе можат подолг период да престојуваат на отворено, а ќе се скрати и полицискиот час.
Во Викторија живее една четвртина од вкупно 25 милиони жители на Австралија, каде беа регистрирани околу 75 проценти од вкупно 26 700 заразени лица и 90 отсто од 816-те смртни случаи.