Двете телевизии на 19 октомври, при известување за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власт
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) поведе прекршочни постапки против уште две телевизии – ТВ 24 Вести и ТВ Вистел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од локалните избори.

„Двете телевизии на 19 октомври, при известување за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврата емитувала прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во ‘Вестите’ во 10 часот емитувала изјава од министерот“,
се вели во извештајот од АВМУ.
АВМУ вчера соопшти дека поведува прекршочни постапки против телевизиите ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од локалните избори.