Претставници на полицијата соопштија дека авионот се урнал по полетувањето, надвор од периметарот на аеродромот, во цивилна зона во близина. Неофицијално, како што јавуваат локалните медиуми, авионот удрил во станбена зграда. Според веб-страницата за следење летови „Флајт радар“, сигналот бил изгубен на помалку од една минута по полетувањето, кога авионот достигнал 625 стапки, односно околу 190 метри височина
Патнички авион „боинг 787“ на авиокомпанијата „Ер Индија“ со повеќе од 200 патници се урна во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад. Досега нема официјални информации за жртви.
Според соопштението на „Ер Индија“, авионот бил на пат кон аеродромот „Гетвик“ во Лондон.

„Во овој момент ги утврдуваме деталите и ќе споделиме дополнителни информации што е можно поскоро“,
соопштија од авиокомпанијата.
Во меѓувреме се огласија и од аеродромот „Гетвик“. Потврдија дека авионот на „Ер Индија“, кој се урна при полетувањето од аеродромот Ахмедабад, требало да слета во Лондон денеска во 18:25 часот по локално време.
Претставници на полицијата соопштија дека авионот се урнал по полетувањето, надвор од периметарот на аеродромот, во цивилна зона во близина. Неофицијално, како што јавуваат локалните медиуми, авионот удрил во станбена зграда. Според веб-страницата за следење летови „Флајт радар“, сигналот бил изгубен на помалку од една минута по полетувањето, кога авионот достигнал 625 стапки, односно околу 190 метри височина.
Air India Ahemdabad-London international flight has crashed during take off in Ahemdabad of Gujarat. 133 passengers reportedly were on board. High casualties expected. Emergency response teams are on site now. Rescue work is underway. pic.twitter.com/SxekWpvqTG
— Aditya Raj Kaul (@AdityaRajKaul) June 12, 2025
Индискиот министер за воздухопловство Кинџарапу Рам Мохан Наиду изјави дека е шокиран од несреќата. Рече дека спасувачките екипи се мобилизирани.
„Во највисока готовност сме. Јас лично ја следам ситуацијата и им наложив на сите агенции за воздухопловство и итни интервенции да преземат брзи и координирани мерки. Спасувачките екипи се мобилизирани и се вложуваат сите напори за да се обезбеди медицинска помош и хуманитарна поддршка на местото на несреќата. Моите мисли и молитви се со сите оние на авионот и нивните семејства“,
изјави министерот за воздухопловство на Индија.