fbpx

Тим

Зоран Јованоски

Новинар

Зоран Јованоски е репортер во „360 степени" од октомври 2016 година.

Новинарската кариера ја започнува во 2006 година како водител во локалното тетовско „Плус форте" радио уште како студент. Од 2008 до 2015 година работи како дописник од Тетово за „А1“ телевизија, телевизија „24 Вести" и за МРТ1.

Целиот овој период паралелно е дел и од тимот на тетовската локална телевизија „Менада".

Јованоски е добитник на наградата „Никола Младенов“ на Македонскиот институт за медиуми во 2017 година. Истата година ја добива и втората награда на Делегацијата на Европската Унија за најдобра истражувачка сторија. Добитник е и на наградата на ЕУ „Жан Моне“ за 2019г.

Јованоски во 2008г. дипломира на Факултетот за комуникациски науки и технологии на УЈИЕ.