Главниот државен ревизор Максим Ацевски во интервју за „360 Степени“ зборуваше за одлуката на Владата, еден спрат од палатата Емануел Чучков во кој е сместен ДЗР да го додели на Државниот инспекторат за животна средина чии простории изгореа во неодамнешниот пожар.

„Јас верувам дека нема и нема да дозволам, затоа што е незамисливо во една зграда да бидат сместени два државни органи. Пред се инспекторатот е предмет на ревизија на ДЗР. Бранејќи ги интересите на ДЗР доставив барање до Владата во коешто укажувам на последиците од таквата одлука и барам да се изврши преиначување на наведената одлука. За жал, таквата одлука е направена без да се види фактичката состојба и да се направи увид“,
вели Ацевски.
На забелешката дека се работи за нова зграда, Ацевски направи споредба со јаболко кое од надвор е црвено, меѓутоа внатре е црвливо.

„Се плашам и сум загрижен дека еден ден ќе добијам кривична пријава од некој граѓанин ако биде повреден од еден од лимовите коишто се изврзани со јажиња на терасата на ДЗР, бидејќи во секој момент може да одлета и да повреди некој човек“,
вели Ацевски.
Тој вели дека надзорот има констатирано многу аномалии во изведбата на зградата и дека во неа има многу аномалии и дека побарал од СОЗР решавање на проблемите.