Според Арсовска, претседателката на Управниот одбор на претпријатието Јулијана Спировска, „по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет“

Мицковистичкиот режим и МВРО да сее страв пред вториот круг локални избори, го привело директорот на Комунална Хигиена за хаосот со ѓубрето кој токму криминалните кадри на Мицкоски го креираат, реагира на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, по информацијата денеска дека две лица од раководството на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје се приведени во врска со соменија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик (КЗ).
„Претседателката на Управен одбор Јулијана Спировска, нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО. Јулијана која ја управува Комунална хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 година за нанесување тешки телесни повреди. Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН. Јулијана 3 години опструира нови камиони, инвестициска програма, вработените кои 5 години ги чистат улиците не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и ВЛЕН во Советот“,
пишува Арсовска.
Според неа, претседателката на Управниот одбор на претпријатието, „по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет“.
„И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце. Мицко, кога ќе бегаш од Македонија за некоја година, бидејќи те болат коленцата, нема да може во гепек од кола, ќе треба во багаж од автобус да те пренесат низ граница бегајќи накај Будимпешта“,
стои во објавата на Арсовска.
Како што информираше денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, две лица од раководството на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје се приведени во врска со соменија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик (КЗ).
Едно од лицата лишени од слобода е актуелниот директор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми, кој е кадар на ДУИ.
Според цитираниот член од Кривичниот законик, тој и лицето приведено со него се сомничат за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.
