Скопската градоначалничка додаде дека по физичкиот напад врз неа, полицајците кои биле на местото на инцидентот застанале пред неа за, како што рече, наводно да ја заштитат, поместувајќи го напаѓачот кој потоа нападнал и дел од советниците и секретарот на Град Скопје. За тоа време, како што додаде Арсовска, полицијата само гледала отстрана, дозволувајќи нападите да продолжат
Прво почна со вербални напади, а потоа ме нападна и физички. Со тепање, замавнување, со клоци и закани од најрозен вид по мене и моето семејство, за силување и убивање. Вака градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го опиша денешниот инцидент во скопски Чаир каде што физички беше нападната при увид на дивоградба. Таа попладнево даде изјава за медиумите пред Градската општа болница „8 Септември“, каде што по нападот беше на укажување на лекарска помош. Говореше видно вознемирена.

„На местото имаше претставници на МВР кои после овој негов напад, со нежни зборови, ако можам така да кажам, го поместија малку по што продолжи да се заканува и кон мене и кон советниците и вербално да ги напаѓа. Ме нападна физички со тепање, замавнување, со клоци, пред очите на МВР. Наместо да биде веднаш приведен, полицијата му дозволи повеќе од половина час да се јавува по луѓе, по пријатели и да раскажува што ќе ми прави и тоа на цел глас. Што ќе ми прави мене, на моето семејство, на моето дете“,
рече Арсовска.
Градоначалничката појасни дека била нападната од лице за кое претпоставува дека е лично засегнато од објектот, за кој рече дека е дивоградба и за кој биле поднесувани пријави во неколку наврати. Рече дека објектот има познат сторител и дека досега бесправно се поставени две плочи, а дека објектот и натаму продолжува да се гради.
„Затекнато е како краде струја, вода, нема платено ниту еден денар, ниту данок, ниту комуналии, ниту на градот ниту на било кое друго место. Нема никакво одобрение и никаква документација за истото“,
посочи таа.
Арсовска додаде дека по физичкиот напад врз неа, полицајците кои биле на местото на инцидентот застанале пред неа за, како што рече, наводно да ја заштитат, поместувајќи го напаѓачот кој потоа нападнал и дел од советниците и секретарот на Град Скопје. За тоа време, како што додаде Арсовска, полицијата само гледала отстрана, дозволувајќи нападите да продолжат.
„Тој човек се јави на 20 луѓе во МВР, пред полициските службеници кажуваше отворени за моето семејство, зборуваше со лица кои се од високи структури во МВР. Како да не се чувствуваме загрозени? Човекот кој физички нè нападна си зборува со луѓе од полиција и им кажува дека ќе не убива еден по еден во семејството“, р
рече Арсовска во изјавата за медиумите.
Порача дека и покрај нападите, нема да се повлече.
„Тоа им се целта, ама не се повлекуваме. Знам дека сите гледаат и дека им е јасно на сите што се случува“,
рече Арсовска.
За случајот претходно денеска информираа од МВР.