Таа рече дека кампањата се претворила во црна кампања и наместо кандидатите да зборуваат за визии и идеи, се зборува за сè друго само не за тоа што треба
Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија како и од функцијата претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, со цел да ја извршувам градоначалничката функција, истакна Данела Арсовска, кандидатот за градоначалник на Скопје.
На вечерашната гостување на Канал 5 телевизија, Арсовска изјави дека ќе се откаже од овие функции бидејќи, како што кажа, единствената намера што ја има во следниот период е да биде претставник на сите скопјани во Скопје.
Таа рече дека кампањата се претворила во црна кампања и наместо кандидатите да зборуваат за визии и идеи, се зборува за сè друго само не за тоа што треба. Таа повторно кажа дека ќе поднесе тужби и ќе докаже дека нема бугарско државјанство и дека никога не го сменила нејзиното име.
„Од своето раѓање до денес јас моето име не го дадов, името ми е од името на дедо Дане. Од другата страна имате чоек кој се што кажал излажал, затоа се што зборуваат за мене се манипулации и лаги. Јас знам само дека овие манипулации и лаги ќе се докажат. Од другата страна има луѓе во очај, а сега нив ќе ги победам со 30 илјади гласови разлика“,
рече Арсовска.
Според неа, нападите против неа се интензивирале откако премиерот Заев рекол дека ќе депонира оставка доколку го изгубат Скопје.
„Знаеме зошто се толку големи нападите. Заев рече ако го загубат Скопје ќе поднесе оставка“,
рече Арсовска.