Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка на Скопје, соопштија од нејзиниот кабинет.

Арсовска денеска свечено ѝ го врачи решението на Абази, по што двете одржале и средба на која дискутирале за идната соработка и предизвиците со кои се соочува градот.
Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист. Абази е актуелна советничка во новиот Совет на Град Скопје, каде што влезе како втора на листата поднесена од Алијанса за Албанците и Алтернатива.