Објавувајќи фотографии од свеченото отворање кое го направи претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а на кое присуствуваа повеќе владини функционери, Арсовска нагласува дека градски власти „не само што биле исклучени од организацијата, туку не добиле ни покана отварањето“
Ја закопавте можноста за каков било сличен собир. Во културни земји ова не се простува, се знае што следува. Особено кај нас таа институција ја нема во вокабуларот“, вели доајенот на спортското новинарство Огњан Герасимовски.
Во одбрана на оргaнизаторите и особено на волонтерите застана Игор Јакимовски, познат маратонец и тренер, кој и самиот е дел од организацијата на ЕМОФ25. Вели дека никој не им се обратил на волонтерите да ги праша со што тие се соочуваат оваа недела и укажува дека не треба да се носат заклучоци врз база на една изјава на спортист, туку да се погледне целата слика
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги повика претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димески, и министерот за спорт Борко Ристовски да не бараат оправдувања и да не ја префрлаат одговорноста врз други, туку лично да се соочат со неа. Таа тврди дека Град Скопје помогнал Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025 да се одржи во Скопје, но потоа Димески и Ристовски ја исклучиле од организацијата и цела година сами ги презеле сите активности за овој спортски настан од кој, како што вели, „по скандалозната организација нѐ посрамотија пред целиот свет“.
Освен што решиле да ја организираат ЕМОФ 2025 самите, Арсовска вели дека спротивно на сите стандарди, половина од натпреварувањата му биле доверени на Куманово. Објавувајќи фотографии од свеченото отворање кое го направи претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а на кое присуствуваа повеќе владини функционери, Арсовска нагласува дека градски власти „не само што биле исклучени од организацијата, туку не добиле ни покана отварањето“.
„Откако нѐ посрамија на меѓународна сцена, сега сакаат Град Скопје да им е виновен за нивната неспособност. Срамот е ваш, носете си го сами и сликајте се“,
пишува Арсовска во објава на Фејсбук.
На оставки и одговорност повикува и доајенот на македонското спортско новинарство, Огњан Герасимовски. Тој вели дека се обидел да се воздржи од коментар, но не можел да премолчи откако ги видел секојдневните непријатности кои се случуваат. Тој тврди дека Македонскиот олимписки комитет, како и сите во администрацијата, не исклучувајќи го и Министерството за спорт, целосно неподготвено влегле во овој најмасовен спортски настан во Македонија.
„Повредени спортисти, удрени велосипедисти на тренинг од возило, колаборирање поради неклиматизирани сали, спиење по двајца во кревет, лоша исхрана, искршени тоалети… и многу незадоволни учесници кои проговорија во една анкета на ТВ. Наместо афирмација доживуваме фијаско кое најмалку го посакувавме. Господа од МОК и Министерството, тоа што се млади спортисти, требаше да биде поголем предизвик за сериозна организираност, тие се иднината на Олимпизмот, на спортот, вие ги потценивте, влеговте во авантура во стилот ‘лесно е со младите’. Ниту навреме го афирмиравте настанот, ниту солидно го организиравте. Претпоставувам никогаш не сте биле на ОИ и немавте престава што се е потребно за организација. Имавте на располагање многумина кои биле на такви масовни настани, некогашни МОК-раководители, новинари кои известувале од десетина ОИ, спортисти и учесници… и бидете сигурни, никој немаше тоа да го прави за хонорар, напротив, само од љубов кон спортот и од задоволство, давајќи свој придонес за добивање уште позначајни настани кои во иднина би ги организирале. Вака ја закопавте следната можност за било каков сличен собир. Во културни земји ова не се простува, се знае што следува, особено кај нас таа институција ја нема во вокабуларот“,
вели спортскиот новинар Огњан Герасимовски.
Во одбрана на орагнизаторите и особено на волонтерите застана Игор Јакимовски, познат маратонец и тренер, кој и самиот е дел од организацијата на ЕМОФ25.
Тој прашува зошто никој не им се обратил на волонтерите да ги праша со што тие се соочуваат оваа недела додека трае мaнифестацијата, укажувајќи дека не треба да се носат заклучоци врз база на една изјава на спортист, туку да се погледне целата слика.
„Изгинавме со професионален ангажман за достоен репрезент на својата татковина пред спортска Европа. Е ова не го знаат или се прават дека не го знаат оите оние наши душегрижници кои врз база на изјава на дете ја оцрнуваат Македонија непроверено. Ајде да ги поздравиме македонските хејтери од климатизираните дневни соби и секако од грчките плажи. Вие хејтајте слободно и лабаво, а ние плус паралелно со ЕМОФ ќе ги гасиме и пожарите за да бидете безгрижни при Вашето враќање од јужните плажи“,
пишува Јакимовски на Фејсбук.