Според досега објавените неофицијални резултати од ДИК, Шилегов води пред Арсовска само во Центар, Чаир и Сарај
Арсовска, пак, само во Гази Баба и Аеродром засега прави разлика од над 14 000 гласа
Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, веќе има значително водство пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов. По пребројани 56,93% од гласовите, Арсовска има 56% од гласовите, додека за Шилегов гласале 40,46%. Во апсолутни бројки, за Данела Арсовска гласале 65 866 гласачи, додека за актуелниот прв човек на Скопје – 47 558.
Според досега објавените резултати од Државната изборна комисија, Шилегов ја победува Арсовска само во три скопски општини и тоа:
- Центар (5 472 – 5 256)
- Сарај (3 184 – 1 084)
- Чаир (9 147 – 4 954)
Но, разликата што Шилегов ја прави во тие општини се губи во предноста која Арсовска ја има во останатите седум скопски општини. Особено е голема разликата во општините Гази Баба и Аеродром:
- Ѓорче Петров (6 163 – 3 253)
- Шуто Оризари (1 071 – 908)
- Карпош (6 864 – 5 499)
- Бутел (4 501 – 3 001)
- Гази Баба (15 049 – 6 322)
- Аеродром (11 563 – 6 188)
- Кисела Вода (9 356 – 4 634)