Претседателот Стево Пендаровски ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата. Со неа, официјално, се менува името на АРМ, која отсега ќе биде Армија на Република Северна Македонија.
„ Тој технички или номотехнички или правен аспект е завршен, така што тие можат комотно да одат во некои следни набавки за униформите да ги имаат тие нови знаци. Какви ќе бидат, тоа се разбира ќе биде утврдено низ внатрешна процедура, меѓутоа името на армијата е Армија на Република Северна Македонија и од вчера тоа на правен начин уредено“,
изјави врховниот командант на АРСМ, Стево Пендаровски.