Според Арјанит Хоџа, ДУИ на следните избори ќе биде опозиција

Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа, во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше за ДУИ, како и за тоа дали според него ќе има предвремени парламентарни избори.
Хоџа истакна дека е сигурен оти ДУИ ќе биде опозиција по следните парламентарни избори.
„ДУИ ќе доживее тектонски удари и политичката иднина на Албанците, барем на наредните избори, ќе биде албанската опозиција“,
порача Хоџа.
Генералниот секретар изрази уверување и дека предвремени парламентарни избори ќе се случат во 2022 година.
„Во 2022 година гледам превремени избори. Оваа Влада не е стабилна и без легитимитет“,
додаде Хоџа.