Потпретседателката на владејачката ДУИ и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за литијата во Струга во организација на МПЦ-ОА и за најавата на ИВЗ за отворање на џамиите од 12 мај.
„Секако сметам дека овие високи верски институции се независни институции и многу одговорни институции. И многу сум сигурна дека овие институции со одговорноста и важноста која ја имаат и нивното влијание во секојдневниот живот, се консултирани и продолжуваат да се консултираат со Државната комисија за заразни болести во врска со сите активности кои се поврзани и имаат врска со здравјето на граѓаните, како што сум убедена дека и во иднина ќе продолжат да се во консултација со овие институции. Тоа се независни одлуки, им припаѓаат ним и истовремено се одлуки за кои јас сум многу убедена дека ги донесуваат во консултација со надлежните институции“,
вели Арифи.