Градоначалничката на Тетово се надева дека епидемиолошката состојба нема дополнително да се влоши и дека од септември учениците ќе може да се вратат во училиштата
Зголемен е бројот на новозаболени од ковид-19 во Тетово, но сите се со лесна клиничка слика, информираше денеска градоначалничката Теута Арифи.
На новинарски прашања за растот на заболени, таа рече дека причина е тоа што се зголемил бројот на присутни лица во Тетово и бројот на тестирања поради патувања.
„Иајќи го предвид дека имаме поголем број на луѓе кои престојуваат во градот, една работа и втора работа бидејќи голем број луѓе вадат ПЦР-тестови поради патувања и бројката е поголема. Од состанокот што го имавме со Клиничкиот центар, кажаа дека во моментов немаат пациенти со тешка клиничка слика што е многу важно“,
рече Арифи.
Таа е оптимист дека епидемиполошката состојба во градот нема да се влоши и дека од септември учениците ќе може да се вратат во училиштата. Арифи се осврсна и на вакцинацијата, посочувајќи дека до крајот на овој месец се очекува да се стигне до 35 000 лица кои на тетовскиот вакцинален пункт примиле две дози.
Коментирајќи ги новите кластери во тетовскиот регион, министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека не се размислува за локален карантин и дека фокусот е ставен на вакццинацијата. Министерот рече дека по новите кластери во тетовскиот регион се постапува по истиот принцип на спроведување едпимиолошки анкети и изолација на ризичните контакти, а четворицата заразени со бразилскиот сој на вирусот веќе се во карантин.