Нападот го изврши 50-годишен маж со потекло од Саудиска Арабија, кој влета со автомобил во преполниот со луѓе базар и возел околу 400 метри низ толпата луѓе. Напаѓачот живеел и работел како доктор во Германија од 2006-тата година
Мотивот сè уште не е јасен. Германските медиуми јавуваат дека лицето не им било познато на властите како исламист. Напротив, неговата активност на социјалните мрежи го сугерира спротивното – дека бил критичен кон исламот
Билансот на жртви по вчерашниот напад на божиќниот базар во Магдебург, Германија, се искачи на четворица мртви, јавуваат денеска повеќе германски медиуми меѓу кои и АРД. Како сериозно повредени се водат уште 41 лице, околу 90 имаат повреди кои бараат болнички третман, а останатите се полесно повредени.
„Сè уште не ја знаеме заднината на нападот, ги разгледуваме сите можни мотиви“,
изјавил локален полициски портпарол.
Нападот на божиќниот базар го извршил 50-годишен маж, родум од Саудиска Арабија. Тој влетал со автомобил во базарот со автомобил, возејќи околу 400 метри низ толпата. Уапсен е веднаш по нападот. Напаѓачот живеел во Германија од 2006 година и работел како доктор. На властите не им бил познат како исламист, јавуваат медиумите. Напротив, неговата активност на социјалните мрежи сугерира дека бил критичен кон исламот.