Иранската фрегата „Дена“, по посетата на индиската морнарица, со 130 морнари беше погодена во меѓународни води без предупредување
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи изјави дека САД ќе зажалат поради потопување на ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка.

„Запомнете ги моите зборови: САД горко ќе зажалат поради овој потег“,
објави Арaгчи.
Тој додаде дека потопувањето на бродот е злосторство на море, 2 000 милји од иранскиот брег. Иранската фрегата „Дена“, по посетата на индиската морнарица, со 130 морнари беше погодена во меѓународни води без предупредување.
The U.S. has perpetrated an atrocity at sea, 2,000 miles away from Iran's shores.
— Seyed Abbas Araghchi (@araghchi) March 5, 2026
Frigate Dena, a guest of India's Navy carrying almost 130 sailors, was struck in international waters without warning.
Mark my words: The U.S. will come to bitterly regret precedent it has set. pic.twitter.com/cxYiI9BLUk
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на вчерашната прес-конференција потврди дека американската армија потопи ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка.
„Американска подморница во Индиски Океан потопи ирански воен брод, кој мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Наместо тоа, беше потопен од торпедо. Тоа е прво потонување на непријателски брод со торпедо по Втората светска војна. Како и во таа војна, кога сè уште бевме Министерство за војна, се бориме да победиме“,
наведе Хегсет.
Властите на Шри Ланка соопштија дека 32 ирански морнари се спасени, пронајдени се 80 безживотни тела, а повеќе од 60 лица се водат како исчезнати.
