Во соопштението на скопска апелација се наведува дека на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи им се укинува куќниот притвор поради основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, измама и проневера во службата
Апелацискиот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје по однос на мерките куќен притвор и им определи 30-дневен ефективен притвор на ексдиректорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор на Клиниката, Нехат Нухи.
Ова следува по денешната јавна седница во скопска апелација на која се расправаше по жалбите на мерката куќен притвор за Васев и Нухи. Обвинителството за двајцата побара укинување на куќниот и определување притвор.

Апелацискиот суд Скопје попладнево преку соопштение информира дека е уважена жалбата на Обвинителството и дека на ексдиректорот Нино Васев и поранешниот организациски директор на Онкологија, Нехат Нухи, им се определува мерка 30-дневен притвор. Во соопштението се наведува дека на обвинетите Н.В. и Н.Н. им се укинува куќниот притвор поради основано сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување,измама во службата и проневера во службата.
Вака донесените одлуки со образложени причини за истите, од Апелација информираат дека ќе бидат објавени во целост на веб-страницата на Судот.