Во соопштението на Секторот за надворешна политика и безбедност на Левица , исто така, се наведува дека „локалните пост-колонијални власти не се способни да го зачуваат мирот, просперитетот и демократијата во нивната држава“
По насилствата во Конгресот на САД, македонската политичка партија Левица апелира до Советот за безбедност на Обединетите нации под итно да испрати мировни сили и да воспостават контрола врз ситуацијата – се до оној момент кога, како што се посочува, меѓународната заедница ќе оцени дека има услови да се одржат фер и демократски избори.
„Згрозени од вчерашните немири, поттикнати од обвинувања за нефер избори, во поранешните британски Тринаесет Колонии, политичката партија Левица изразува загриженост за состојбата на демократијата во северноамериканскиот регион“,
се наведува во реакцијата на Секторот за надворешна политика и безбедност на Левица.
Во соопштението, исто така, се наведува дека „локалните пост-колонијални власти не се способни да го зачуваат мирот, просперитетот и демократијата во нивната држава“.