И обичната настинка и САРС-КоВ-2 му припаѓаат на семејството вируси познато како коронавируси, кои предизвикуваат болести на горниот респираторен тракт
Антителата што се развиваат откако луѓето ќе прележат настинка, исто така можат да го неутрализираат коронавирусот, укажуваат резултатите на едно ново истражување.
И обичната настинка и САРС-КоВ-2 му припаѓаат на семејството вируси познато како коронавируси, кои предизвикуваат болести на горниот респираторен тракт.
Настинката може да биде предизвикана од голем број различни вируси, а според некои научни извори – има над 200 такви.
Настинката е најчеста за време на сезоната на вируси, која започнува кон крајот на есента и завршува во средината на пролетта.
Сепак, досега не се веруваше дека антителата кои реагираат на вообичаените коронавируси дејствуваат против вирусот, кој предизвикува ковид-19. Но, во примероци од крв кај луѓе што имале ковид, научниците откриле високо ниво на имунолошки клетки кои се создадени по настинка и кои „се сеќаваат“ на болеста и тие повторно се активираат кога ќе се појави нова инфекција.
Научниците сфатија дека антителата ги произведуваат клетките на имунолошкиот систем познати како мемориски Б-клетки. Овие клетки дејствуваат на патогени микроорганизми кои влегуваат во телото и ги обележуваат за уништување од страна на другите имунолошки клетки. Тие, исто така, можат да циркулираат во крвотокот со години – дури и со децении.
Како дел од студијата, објавена во списанието „Природа и комуникации“, научниците проучувале примероци од крв од учесниците пред и за време на пандемијата.
„Прегледувајќи примероци од крв собрани пред пандемијата и споредувајќи примероци од луѓе што биле заразени со ковид -19, успеавме да утврдиме типови антитела кои реагирале на бенигни коронавируси, како и САРС-Ков-2“,
пишува авторот на студијата, д-р Рајс Андраби за „Њуз медикал“.
Тим од Институтот за истражување „Скрипс“ во Калифорнија верува дека откритијата може да им помогнат на научниците да развијат вакцина или третман со антитела кои штитат од сите коронавируси.