„Анонимусите“ во своите објави искажуваат и поддршка за народот во Украина и на руските медиуми им порачуваат „да не ја кријат вистината од луѓето“
Хакерската група „Анонимус“ преку социјалните мрежи ѝ објавија војна на руската влада, а соопштија и дека срушиле неколку руски веб-страници.
„’Анонимусите’ официјално се во сајбер-војна против руската влада“,
објавија тие на Твитер во текот на изминатата ноќ.
The Anonymous collective is officially in cyber war against the Russian government. #Anonymous #Ukraine
— Anonymous (@YourAnonOne) February 24, 2022
Исто така, тие имаат и неколку објави во кои соопштуваат дека успеале да ги хакираат веб-страниците на, како што велат, рускиот пропаганден медиум „РТ њуз“, како и неколку веб-страници на државните институции на Русија.
„Анонимусите“ во своите објави искажуваат и поддршка за народот во Украина и на руските медиуми им порачуваат „да не ја кријат вистината од луѓето“.
Исто така, во неколку објави тие предупредуваат дека се подготвува голем напад на Киев.
Оваа хакерска група се појави во 2003 година како неформална мрежа која нема раководна група, а се декларира дека се бори против цензурата на интернет.