На второ место е поранешниот привремен премиер Стефан Јанев со 28% доверба и 72% недоверба, а трет е лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов со 22% доверба и 65% недоверба, на четвртото место е лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов со 19% доверба и 58% недоверба, а на петто место е премиерот Кирил Петков со 17% доверба и 68% недоверба. По него е лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов исто така со 17% доверба и 63% недоверба
Доколку во Бугарија сега би се одржале избори, за ГЕРБ би гласале 22,9 отсто од Бугарите, на второ место е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков со 16,9%, по што следат БСП со 11%, потоа МРФ со 9,3% и „Преродба“ со 8,6%, додека на претпоследното место е „Демократска Бугарија“ со 7,4%, а на последното место е „Има таков народ“ со 5,8%. Речиси 12 отсто се уште не одлучиле за кого би гласаале, додека нема да гласаат 16 отсто.

Ова го покажуваат податоците од националното истражување финансирано и спроведено заеднички од БТВ и „Маркет Линкс“ спроведено меѓу полнолетни граѓани во Бугарија во периодот 29 април – 8 мај 2022 година со помош на методите на директно лично интервју и онлајн анкета, пренесе БГНЕС.
Оваа анкета покажува дека најголема доверба има шефот на државата Румен Радев со 48% и 33 отсто кои не му веруваат. На второ место е поранешниот привремен премиер Стефан Јанев со 28% доверба и 72% недоверба, а трет е лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов со 22% доверба и 65% недоверба.

На четвртото место е лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов со 19% доверба и 58% недоверба, а на петто место е премиерот Кирил Петков со 17% доверба и 68% недоверба. По него е лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов исто така со 17% доверба и 63% недоверба. На седмо место е вицепремиерот и лидер на БСП Корнелија Нинова со 16% доверба и 70% недоверба. Претпоследното место е за лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов со 11% доверба и 67% недоверба. На последното место е лидерот на МРФ Мустафа Караџи со 10% доверба и најголем процент на недоверба – 81%.

Оваа анкета, според бугарските медиуми, покажала историски ниско ниво на задоволство кај граѓаните од развојот на земјата, односно 70% од бугарското општество го дефинира како негативен финансискиот развој на нивните домаќинства.
