За Заев се изјасниле 39,7 отсто, додека за Мицкоски 28,3 отсто од испитаниците
Прашањето, за кого би гласале доколку утре има избори, покажува дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во „мртва трка“ за гласови, со 18,6 % поддршка за СДСМ и 18,1 % за ВМРО-ДПМНЕ
Подем има кај Левица за која се изјасниле 6,2 отсто од испитаниците во ова истражување
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја има поддршката од 39,7 отсто, додека неговиот главен конкурент, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го поддржуваат 28,3 отсто од граѓаните, покажува анкетата што ја спроведе агенцијата „М проспект“ за Телма и МЦМС, овој месец, која меѓу другото, го мери и рејтингот на лидерте на двете најголеми партии во земјава.
Заев ја нема довербата кај 59,4 отсто од испитаниците додека, Мицкоски не го поддржуваат 70 отсто од испитаниците.
Анализата на Телма и МЦМС покажала дека недоверба во Мицкоски има и кај останатите етнички заедици, посебно кај Албанците, а ниска доверба за Мицкоски има и кај гласачите и од другите партии од опозицијата, со кои Мицкоски сака да соработува.

Прашањето, за кого би гласале доколку утре има избори, покажува дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во „мртва трка“ за гласови, со 18,6 отсто поддршка за СДСМ и 18,1 отсто за ВМРО-ДПМНЕ.
Подем има кај Левица за која се изјасниле 6,2 отсто од испитаниците во ова истражување.
Анкетата е спроведена во периодот од 16 до 24 декември, телефонски, на репрезентативен примерок од 1 000 испитаници.