На прашањето кои се клучни критериуми според кои одлучувате на кому ќе го дадете гласот, 28,2% истакнале дека е припадноста на политичката партија која го кандидира
Граѓаните со висок процент од 42,6 одговориле дека екологијата е ургентен и најголем проблем
Вкупно 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата на Стратум Р&Д нарачана од новинската агенција Макфакс. Анкетата е направена телефонски, на примерок од 1000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.
На прашањето да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.
Вкупно 27,1% сметаа дека СДСМ има најдобра понуда на овие избори, а 24,7% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата понуда. На ова прашање 13,4% одговориле за Независна листа, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.
Граѓаните со висок процент од 42,6 одговориле дека екологијата е ургентен и најголем проблем. Понатаму, 40,3% кажале дека проблем е отворањето нови работни места, 37% отворање градинки и училишта, за средување на паркинзи се изјасниле 35,4%, за патна инфраструктура 33%, за решавање на проблем со кучиња скитници 25%, за средување на сообраќаен хаос 20%, за разубавување на фасади 9%, за отворање здравствени центри во рурални средини 8%, за домови за стари лица 6% и 4% за друго.
На прашањето кои се клучни критериуми според кои одлучувате на кому ќе го дадете гласот, 28,2% истакнале дека е припадноста на политичката партија која го кандидира. Како втор критериум се одредиле за професионалните достигнувања, односно 20,7%. Потоа следуваат придонес кон заедницата 11,4%, повторен мандат (искуство како градоначалник) 10,8%, успешно спроведени проекти 8,7%, лични преференци 6,3%, етничка припадност 5,4%, без политички багаж, нов во политиката 5,1%, коалиција на централно ниво (државно ниво) 3,3% и друго 0,1%.
На прашањето како би ја оцениле работата на актуелниот градоначалник во решавање на проблемите, со најниска оценка 2 се оценети активности за заштита на животната средина, социјалната заштита (инклузија на ранливи групи), култура, склучување на приватно јавни партнерства, менаџмент на отпад (ѓубре).
Образованието е со оценка 2,40, организација на сообраќајот 2,50 , организација на паркинзи 2,70, водовод и канализација и организација на јавен превоз со 3,10, изградба на патна мрежа во рурални средини и изградба на патна инфраструктура со оценка 3,40.
Во одредување на профилот на испитаниците, на прашањето дали се симпатизери на некоја политичка партија, 26,2 % одговориле дека се симпатизери на СДСМ, а потоа следуваат: не сум на ниедна партија 24,7%, ВМРО-ДПМНЕ 24,1%, Независни 12% и Левица 11,7%.
На прашањето дали сте член на некоја политичка партија дури 49,5% одговориле дека не се членови на ниту една политичка партија, а 19,9 % одговориле дека се членови на СДСМ, 18,7% дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ, 5,7% друга, 5,4% дека се членови на Левица, 0,6% дека се членови на Алијанса на Албанците и 0,6% дека се членови на ДУИ.