Организацијата јавно апелира до Министерство за внатрешни работи и до Агенцијата за храна и ветеринарство итно да го преземат тоа што е во нивна надлежност за сторителот кривично да одговара за ова злодело
Десетици маалски кучиња денеска се убиени во Струга со огнено оружје, објави организацијата за заштита на правата на животните „Анима мунди“, заедно со видеоснимка на која се гледаат трупови на убиени кучиња натоварени на камион.
„Манијак, личност што не може да се нарече човек, охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава, одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга“,
пишува „Анима мунди“ на својот профил на Фејсбук.
Организацијата јавно апелира до Министерство за внатрешни работи и до Агенцијата за храна и ветеринарство итно да го преземат тоа што е во нивна надлежност за сторителот кривично да одговара за ова злодело.
„Никој нема за право да одземе нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето!“,
пишува „Анима мунди“.