Вчера од земјава си замина и словенечкиот тим од 61 пожарникар и 18 противпожарни возила. Тие заедно со чешкиот „блек хок“ помагаа во гасење на пожарот на планината Готен
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска го испрати седумчлениот воздухопловен тим од Чешка кој со хеликоптерот „блек хок“ помагаше во гасењето на пожарите во земјава.

Во името на Владата и граѓаните, Ангелов им заблагодарил за особениот придонес и за помошта при гасењето на пожарите на отворено и им доделил благодарници на членовите на чешкиот воздухопловен тим.

Вчера од земјава си замина и словенечкиот тим од 61 пожарникар и 18 противпожарни возила. Тие заедно со чешкиот „блек хок“ помагаа во гасење на пожарот на планината Готен од беровска страна.