За алармантната ситуација во Пехчевскиот регион алармираше и градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски, кој рече дека пожарот се проширува и кон оваа општина и го повика населението масовно да помогне во гаснењето
Без паника, безбедноста на луѓето е на прво место, порача в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Во тој регион се упатени и три од српските хеликоптери кои пристигнаа вчера за помош.
„Во овој момент пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно, со сета сила, ќе удрат по големиот пожар кој се заканува на околните села. Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат“,
вели Ангелов.
Градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, изјави дека се преземени мерки и побарана е помош за справување со пожарот.
„Лоша е стуацијата со пожарот, бидејќи се префрли и дојде во делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина. На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера. Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе“,
информираше Тренчовски.
За алармантната ситуација во Пехчевскиот регион алармираше и градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски кој рече дека пожарот се проширува и кон оваа општина и го повика населението масовно да помогне во гаснењето.
