Штипската телевизија ТВ Стар објави дека загинал и Филип Стевановски од Куманово – придружен член на дуото ДНК
Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани, дознава „360 степени“ од болнички извори.
Штипската телевизија ТВ Стар објави дека загинал и Филип Стевановски од Куманово – придружен член на дуото ДНК.
Како што претходно објавивме, во пожарот загина и тапанарот на ДНК, Горги Горгиевски, од
Струмица, а се трага по Сара Пројковска, придружен вокал на групата.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 луѓе, а 155 се повредени. За четири лица е распишана централна потерница, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.