Утврдена е рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје, а првпат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви и тоа 9 000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари по килограм, без ДДВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Развојот на земјоделството е стратешки приоритет, земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата, затоа оваа влада е нивен најголем поддржувач и партнер, велат од ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека за само 15 месеци Владата исплатила над 11 милијадри денари за заостанати и тековни субвенции, со што 70 000 земјоделци добиле финансиска поддршка.
Таа посочи дека системите за наводнување се оспособени, со што навремено е обезбедена вода за наводнување, а се осврна и мерката за доделување на картици за зелена нафта, за која се издвоени 540 милиони денари и опфатени 46 000 земјоделци.

„Оваа година утврдена е и рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец- 21,3 денари по килограм и смедеревка- 18,9 денари по килограм. Исто така оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица се откупуваше по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите. Со ВМРО-ДПМНЕ за првпат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви и тоа 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари по килограм, без ДДВ“,
рече Андоновска.
Новина, како што рече Андоновска, е отпочнувањето на кампањата „Македонско најдобро“ која има за цел раздвижување на домашната економија преку помагање на компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, како и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи.
„Најмаркантен повик е т.н. мерка 50-50, со која се кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација. Додека пак јавниот повик за млади земјоделци броеше 254 апликации од кои одобрени се 117“,
додаде Андоновска.