Петровска во писмената изјава вели дека некои портали неточно ја пренеле изјавата од нејзиното гостување на ТВ24
Ана Петровска, која беше кандидка за градоначалничка на Скопје од граѓанското здружение Зелен хуман рад вечерва преку писмена изјава демантира дека повикала да не се гласа за Шилегов во втриот изборен круг.
„Одредени интернет портали објавија текстови со наслов ‘Ана Петровска: Не гласајте за Шилегов’, што е неточно пренесување на изјавата од моето гостување на ТВ24. Како и претходно, јас се оградив од мое поврзување со некоја од големите партии и истакнав дека не поддржувам ниту еден кандидат, односно приоритет е застапување на зелените вредности во Советот на Градот Скопје“,
вели Петровска, истакнувајќи дека секој граѓанин треба да гласа слободно и по сопствено убедување.